Каљари

Сардинија, Италија

Каљари, кој гледа кон заливот Дели Анџели, е древен град, основан од феникиски трговци. Уште од своето создавање Каљари е срцето на политичкиот, економскиот, туристичкиот и културниот живот на Сардинија. Денес е административна престолнина на островот. Градот се простира врз седум ридови, од каде се откриваат прекрасни глетки кон Средоземно Море и околните брегови. Се' уште се добро зачувани кулите за набљудување и делови од одбранбените ѕидини, кои го опколувале некогаш стариот град, денес познат како населба Кастело. Во Каљари е откриен најголемиот и најважниот феникиски некропол во целото Средоземномоерие. Градот може да се пофали и со убавата ботаничка градина - зелена оаза во срцето на стариот град, со големо разнообразие од тропски и средоземноморски растенија. Каљари е совршено место за набљудување на птици, благодарение на огромните езера Санта Гила и Молентаргиус, заштитени од ЕС и Рамсарската конвенција. Таму може да се набљудува разнообразната дива природа, но највпечатливи се големите колони од розови фламенга.

Екскурзии и одмори до Италија »