Кашан

Кашан, Иран

Кашан е град во Централен Иран, во провинција Исфахан. Населението е над 300 000 души. Меѓу XII и XIV в. Кашан бил главен центар за производство на керамика и глина. Познат е со производството на свила и "каши" - керамички плочки, нарекувани така поради името на градот. Во могилите Сијалк, кои се наоѓаат на 4 км. западно од градот, се откриени многу артефакти, кои докажуваат дека областа била една од главните центри на цивилизацијата во праисториско време. Во покраините на градот се наоѓа порамидата Сијалк, која датира од пред 7000 години. Главните забележителности во Кашан се градината Фин, куќата Абаси, куќата Табатабаи, џамијата Ага Бозорг и Тепе Сијалк.

Екскурзии и одмори до Иран »