
Кахетија е област во Источна Грузија, со главен град Телави со население од 58 000 жители. Областа граничи со Азербеџан и е познат со своите плодородни почви и прекрасно вино. Традициите во винарските визби датираат уште пред 800 години и денес тие се задолжителен дел од сите патеки. Друг познат град во областа е Сигнахи, кој и покрај тоа што е мал, се радува на многу голема посетеност поради живописните глетки, калдрмените улиции се разбира ароматичното вино.