
Катедралата во Валенсија, без сомнеж е архитектурна и историска забележителност на градот - неверојатно убава и импресивна, позната како Сеу (во превод ''свето место''). Се гради близу два века. Основите и' се поставени во 1252 г. на местото, каде што во минатото имало стара џамија. Уште во древниот период, тука се издигнал храм во чест на божицата Дијана. Изградбата на храмот е завршена во 1482 г. Првенствено катедралата била изградена во чест на Света Богородица, каде крал Џејмс поставува уникатна икона со нејзиниот лик во главната капела. Денес оваа икона се пази во криптата на катедралата. Во својата оригинална форма катедрлата во Валенсија е издигната во готски стил. Имено денес во архитектурата и' се забележуват романски, француски, готски елементи, остатоци од ренесансна уметност, како и барок и неокласически стилови. Се издига на височина од 68 метри. Катедралата во Валенсија е еден од главните симболи на градот. За љубопитните има можност да се искачат на 207-те скалила, за да се насладат на впечатливата глетка.