Катедралата во Севиља

Севиља, Шпанија

Катедралата ''Санта Марија'' - повеќе позната како катедралата во Севиља. Изградбата и' започнала во 1402 г.и продолжува до 1506 г. ''Санта Марија'' е римокатоличка катедрала. Ова е најголемата готска катедрала во светот. Изградена е со цел да се демонстрира богатството на градот. Во својот сегашен вид катедралата е завршена во XVI век. Во комплексот на катедралата е гробот на Кристофер Колумбо. Интериорот на црквата е богато украсен со позлата. При катедралата е изградена камбанарија, која го носи името ''Хиралда''. Камбанаријата е висока 105 метри. Ова е еден од најемблематичните објекти на градот. 

Во 1987 г. Катедралата е вклучена во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.

Екскурзии и одмори до Шпанија »