Катедралата во Кордоба

Кордоба, Шпанија

Катедралата во Кордоба (во минатото џамија, а денес римо-католички храм) е највпечатливата, најубавата и оригиналната градба во градот. Со своите 23 илјади м.кв., таа била третата по големина во светото џамија. Поради старата цел, катедралата денес го носи името ''Мескита''. Изградбата й започнала околу 600 г. како вестготска црква на Висенте Сарагоски, но по заземањето на градот од маврите, претворена е во џамија. Во 8 век била разрушена и на наејзиното место емир Абд ар-Рахман I ја гради џамијата во чест на својата сопруга. Гради огромна сала, која се состои од 11 кораби и 110 колони. Над нив има втор ред арки - архитектурно чудо за своето време, создавајќи уникатна комбинација од светлина и сенка. Абд ар-Рахман II додава уште одум арки во 833 г. со колони од бел мермер од театарот во Мерида. Во 961 г. се додадени минаре и михраб (молитвено место). Нејзиното последно раширување е во 987 г., кога првичниот размер е удвоен и се додадени колони од син и црвен мермер. Така што единствената можност за доизградба била на запад (река Гуадалкивир на југ и дворецот на халифот на исток биле многу близу), оваа џамија била единствената, чијшто михраб не е поставен во центарот. Другата особеност е, дека тој не е ориентиран во насока кон Мека, а кон Дамаск - можеби поради носталгијата на Абд ар-Рахман I, кој многу тагувал за џамијата во својот роден град. Во почетокот на 13 век, Кордоба повторно е под властта на шпанците и џамијата била осветена за христијански храм. Таа била толку голема, што нејзината средина од 1523 г., па во следните 234 години, бил изграден огромен црковен кораб во ренесансен стил.

Екскурзии и одмори до Шпанија »