Катедралата во Бразил

Бразил

Катедралата во Бразил е позната со својата футуристичка архитектура. Нејзин проектор е Оскар Ниемејер, чиишто забележителни, експериментални творби од армиран бетон, истовремено будат критики и пофалби. Биле потребни неколку години за да биде прифатена како катедрала, поради тоа што е проектирана од атеист. Неверојатната структура предизвикува почит уште на влезот - на почетокот има откриена патека меѓу статуите на евангелистите, а после тоа, тихо тунелче, кое води до главната сала, каде три висечки ангели во различни размери создаваат илузија за небесната длабочина.

 

Катедралата во Бразил (Catedral Metropolitana Nossa Senhora Aparecida) се одликува со високата кула, која излегува д горниот дел на храмот. Бразилската катедрал претставува врв на модернизмот во црковната архитектура. Катедралата претставува хиперболоид, кој прикажува две раце, подадени кон небото и нема еднаков еквивалент на никое друго место во светот. Бразилската катедрала е меѓу највпечатливите забележителности во цела Јужна Америка и тоа е причината таа да биде посетена од голем број на туристи од целиот свет, кои доаѓаат во Бразил, за да се допрат до една од најневеројатните модернистички згради на планетата.

 

Основите на Бразилската катедрала се поставени на 12 септември 1958 година, проектот е завршен десет години подоцна. Официјалното осветување на Бразлската катедрала станува на 31.05.1970 година.

Екскурзии и одмори до Бразил »