Катедралата „Цминда Самеба“ (Света Тројца)

Тбилиси, Грузија

Катедралата „Цминда Самеба“ (Света Тројца) во Тбилиси е изградена во периодот 1995 - 2004 г. во чест на 1500-годишнината од автокефалноста на црквата во Грузија и на 2000-годишнината од возникнувањето на христијанството. Катедралата е расположена на левиот брег на река Кура, во областа на стариот дел на Тбилиси. Во архитектурен однос, таа претставува комбинација од различни грузиски градбени стилови. Изградена е во формата на крст, куполата се крепи на осум колони. Куполата е крунисана со 7-метарски позлатен крст, со што вкупната висина на катедралата изнесува 84 метри.

Екскурзии и одмори до Грузија »