
Катедралата „Светицховели“ (груз. "животен столб") е еден од главните центри на православна Грузија. Историјата на храмот започнува во 4 век, кога царот Миријан III, кој го примил христијанството, ја гради првата во Грузија дрвена црква по препорака на грчката просветителка Нино.
Според легендата, грузиски евреин по името Елиас заминува за Ерусалим, за да застане на страната на Исус Христос за време на процесот против него. Тој пристигнува релативно доцна во Ерусалим и станува сведок на распнувањето. На ридот Голгота тој ја купува облеката на Исус од римски војник. Елиос ја носи облеката во родниот крај Мцхета. Кога се вратил, неговата сестра Сидонија ја облекла облеката и умрела. Поради тоа што не можеле да ја оттргнам облеката од Сидонија, таа е погребана со неа, а подоцна на гробот расте Кедар. По наредба на Св. Нино, овој кедар требало да биде пресечен и врз гробот да биде изградена црква. Од стеблото на кедарот требало да се направи колона, која би се користела во изградбата на црквата.
Од 4 век па натаму, црквата многупати е рушена и градена повторно. Катедралата во овој вид е изградена во 11 век по наредба на грузискиот патријарх Мелкиседек за време на владеењето на цар Гиорги II. Денес црквата е седиште на епископот на Мцхета и истовремено е и седиште на грузискиот патријарх.