Катедралата "Свети Вита"

Прага, Чешка

Катедралата “Свети Вита“ е изградена во 9 век од принцовите на Бохемија на брегот на река Влтава. Низ вековите таа била подложена на многу реставрации, но во сегашниот вид е од 1929 г. Изградбата на камбанаријата започнува во 1406 г., но во 1770 г. таа е реконструирана во барок стил. Катедралата е една од најстарите и познати згради во Чешка. По импресивните спирални скалила со 280 скали, посетителите можат да се искачат на доста високо место, за да уживаат во убавата глетка кон Златна Прага. Денес во црквата “Св. Вита“ се чуваат скапоцените камења на круната. Панорамната глетка на замокот и катедралата се среќава дури на секој туристички водич на градот и се претворил во симбол не само на Прага, но и на целата држава.

Екскурзии и одмори до Чешка »