
Готската катедрала „Св. Мартин' е изградена во периодот 13-16 век и за времето на Унгарското кралство служела како место за крунисување и свадби на кралското семејство. Златната круна со перниче на врвот го симболизира точно тоа, а малите златни круни по земјата, распространети низ Стариот град го покажуваат патот на крунисувањето.