
Катедралата ''Св. Ѓорѓи'' се смета за еден од најдобрите примероци на сицилијанската барокна архитектура. Оваа црква е впишана во списокот за светско и културно наследтсво на УНЕСКО. Обновена е неколку пати, по катастрофалните земјотреси, кои ја погодиле Модика во 17 и 18 век. Фасадата на катедралата се издигнува над живописното скалило, кое се состои од 164 стапала. Широкото монументално скалило ги води посетителите до убавата панорама кон градините, познати како Орто дел Пиомбо. Оваа исклучителна зграда е неверојатна дестинација за љубителите на уметноста и за вистинските романтичари.