Катедралата „Баграти“

Кутаиси, Грузија

Катедралата „Баграти“ е главниот храм на Кутаиси. Изградена е во периодот на владеење на Баграт III и осветена в чест на успение Богородично во 1003 година. Величествен по своите размери и пропорции, храмот станува главен пример во историјата на кавказката архитектура, бил украсен со резба и мазаик и играл изклучително важна улога во средновековната историја на Грузија. При нападот од турците во 1691 година разрушен бил покривот и куполата на црквата. А во 1770 г. артилеријата на рускиот генерал Тотлебен ја уништила кутаиската тврдина и целиот источен дел на храмот.

Во 1994 година катедралата „Баграти“ е внесена во списокот за светското културно наследство на УНЕСКО, а во 2001 година е предадена под управата на Грузиската православна црква, која периодично одржува служба во руините на храмот.

Подоцна започнува обновувањето на храмот во неговиот првичен вид, кое предизвикало критики од страна на архитекти и реставратори. Во јули 2010 година, УНЕСКО посакало да се прекрати изградбата на територија на храмот и го впишува во Списокот на објектите од светското наследство, кои се под закана од уништување, но и покај тоа реконструкцијата на катедралата продолжила. Во 2012 година грузискиот патријарх Илија II повикал кон прекратување на градбените дејности и сите детали поврзани со обновата на храмот ги договорил со УНЕСКО.

 

Екскурзии и одмори до Грузија »