
Катедралата ''Сан Мартино'' се наоѓа во град Лука, Италија. Изградбата на зградата започнува во 1063 г. од епискот Анселм. До неа се наоѓа и висока камбанарија. Катедралата е посветена на римскиот војник Свети Матин, кој е прикажан на фасадата на зградата. Катедралата е реновирана во 11 век, а во 13 векцелосно е променет надворешниот вид. Фасадата, дело на архитектот Гуидето де Комо, е изработена од бел и зелен мермер. На неа се прикажани множество колони, секоја различна од другата. Легендата гласи дека, кога жителите на Лука решиле да ја декорираат катедралата, објавиле конкурс за најубава колона. Секој еден од учесниците изработиле по една макета, а жителите на Лука решиле, дека ќе ги исполнат сите, на крај не им платиле на уметниците. На влезот на катедралата има лавиринт, кој датира од 12 век. Во катедралата се чуваат некои ремек-дела на италијанските надгробни скулптури. Резбите на вратата на катедралата се дело на италијанскиот скулптор Николо Пизано.