
Основниот архитектурен стил во Катанија е барокниот. во градот можат да бидат видени многу објекти со историска и културна вредност. Има остатоци од римски и грчки градови.
Од зачуваните руини можат да се видат грчко-римски театар, кој датира од II век, амфитеатар, римски аквадукт и форум, грчки акропол, христијански базилики, катакомби и др.
Интерес за посетителите претставува и барокниот центар на градот, кој е под заштита на УНЕСКО. Тука има изобилство од цркви и базилики, меѓу кои најпознатата е Катедралата (Св. Агата), која датира од XI век.
За симбол на градот се смета фонтаната „u Liotru“, која претставува мермерен слон со поставен врз грбот египетски обелиск од древниот град Сиене.
Создаден е од Џовани Батиста Вакарини и е издигнат во 1736 г.