Касторија

Костур, Грција

Касторија е град во северозападниот дел на Егејска Македонија. Градот е дел од административната област Западна Македонија. Населението на Касторија е малку над 15 илјади жители. Градот е центар на Костурската епархија на грчката црква. Касторија се наоѓа на полуостров во Костурското Езеро (на грчки Орестијада), на 35 км од Преспанското Езеро, меѓу планините Вич и Грамос и се смета за еден од најубавите во Егејска Македонија. Центар на крзното од византиско време до денес. Во Касторија се зачувани многу средновековни цркви. Од 10 век се црквите „Свети Стефан“, „Свети Архнгел Митрополитски“ и „Свети Безсребреници“. По оформувањето на Охридската архиепископија во 11 век, градот санува центар на вторатапо важност епархија во неа, неговиот епископ ја носи титулата прототрон.

Екскурзии и одмори до Грција »