
Картахена е град во Југоисточна Шпанија, дел од автономната област Мурсија, Градот е важно пристаниште на Средоземно Море и е седиште на шпанската военоморска флота уште од XVIII век. Првите информации за постењето на град Картахена се од 277 г. п.н.е., кога картагинскиот генерал Асдрубал ''Убавиот'' го основа градот со името "Qart Hadasht" (Новата Картагена). Град Картахена го достигнува својот врв за време на римската епоха, кога е престолнина на провинцијата. По распадот на Римската империја, Картахена, под името Carthago Spartaria, е дел од териториите на Византиската империја на Иберискиот Полуостров. Со повеќе од 3000 години историја, Картахена е сцена нанекои од најневеројатните премини во историјата. Денес овој римски, воен и модерен град предлага многу забележителности и се смета за една од најпривчените дестинации, кои се наоѓаат на брегот на Средоземно Море.