Картагенa

Тунис

Картагена е туниски град во градската општина Тунис. Наследник е на пунската Картагена и римската Картагена. Тој истовремено е древен град и предградие на главниот град Тунис. Расположен е на источната страна на езерото Тунис, точно наспроти центарот на главниот град.

Според легендата, Картагена е основана во 814 г. п.н.е. од феникиски доселеници, водени од Елиса (кралица Дидо). Градот пораснал толку многу, што станал главна сила на Средоземноморието. Ривалството се развило меѓу Картагена, Сиракуза и Рим и довело до избувнување на неколку војни. 

По третата картагенска (пунска) војна во 146 г. п.н.е. Картагена била разрушена. И покрај се' римјаните го изградиле градот повторно, и тој се претворил во еден од трите најважни градови во империјата. Картагена ја зачувала позицијата на важен град до муслиманското завојување, кога градот бил разрушен за втор пат.

Останките од Картагена се вклучени во списокот на УНЕСКО за светско наследство.

Екскурзии и одмори до Тунис »