Каренвалот во Венеција

Венеција, Италија

Карневалот во Венеција се одржува секоја година, две недели пред почетокот на Големиот пост. На овој начин градот ја испраќа зимата и ја пречекува пролетта. Во грандиозното празнување не учествува само Венеција, а и целиот регион Венето. Карневалски празнувања се одржуваат во Падова и Верона. Ова е еден од најколоритните карневали во светот и најпознатиот во Европа. Карневалот има многувековна историја. Се смета, дека првиот организиран настан бил во 1094 г. Во 1296 г. е објавен за официјален празник. Од XIII век датира и производството на маски за овој настан. Во 1436 г. се формира првата одделен трговски еснаф на мајсторите на венецијанските маски. Карневалот бил највеличествениот и најочекуваниот настан до завладејувањето на Наполеон во 1797 г. Тој започнувал со бал, после кој се одржувале многубројни празнувања, претстави, улични спектакли и игри на среќата низ целиот град. Празнувањата траеле со недели, дури понекогаш месеци. На овој начин Венеција си создала име на градот, посветен на забавата и се претворила во место на искушенија и задоволства. Традицијата  барала од сите учесници во карневалот, без значење на нивната социјална припадност, да се маскираат. Тоа им овозможувало на луѓето да ја зачуваат својата анонимност, и на овој начин разликите меѓу класите ги снемувало. Анонимноста, која ја осигурувале маските доведувала до извршување на престапи и кражби. Тој се претворил во "празник за врме на чума" и си создал доста лоша репутација. Последователно поради тоа празникот бил забранет долг временски период. Карневалот е обновен во 1980 г. Јадрото на празникот е плоштад Сан Марко, на кој се издигнува грандиозна сцена со многубројни спектакли и концерти. Најразлични настани се организираат низ целиот град. Најпопуларниот настан е "Летот на Ангела" - традиција, при која од врвот на камбанаријата на "Сан Марко" се издигнува и спушта бела фигура на акробат, кој претставува ангел.

Екскурзии и одмори до Италија »