
Капитолиските музеи потекнуваат од 1471 г. и поклонетите колекции од бронзени скулптури од страна на папа Сикст IV кон граѓаните на Рим. Овие колекции за прв пат се изложени на Капитолскиот рид, од каде доаѓа и името на музеите. Оттогаш, па се до ден денешен, колекциите се зголемуваат и се збогатуваат од множество уметнички дела од Древен Рим, Егпет и Грција, средновековни и ренесансни ремек-дела, накит, монети и артефакти. Колекциите се распределени во палацо деи Консерватори и палацо Нуово, проектирани од Микеланџело, макар и изградени во различно време. Еден од најпознатите ремек-дела,тука се пронзената коњска статуа на императорот Марко Аврелиј, како и прочуената волчица, која ги одгледала браќата Ромул и Рем - основачите на Рим.