
Капернаум бил рибарско село во северниот дел на Израел и се наоѓал на брегот на Галилејското Море. Тој бил населен уште од 150 год. п.н.е. до 750 год. Денес, во градот останале само урнатини. Градот бил познат по тоа што се споменувал како град на апостолите; Андреј, Наум, Јаков и Матеј. Во градот се наоѓаат и остатоците од најстарата синагога во светот, остатоците од куќата на Св. Петар и интересната октогонална црква од петтиот век.