
Кантона е Мезоамерикански археолошки објект во близина на град Пуебла во Мексико. Кантона е можеби најзачуваниот археолошки објект во Мексико. Направени се минимални ископини на објектот и се говори, дека само еден процент од објектот е откриен. Хенри де Сосур тврди, дека ја пронашол Кантона во 1855 г., но дури во 19 век Николас Леон го посетил местото и оставил целосно и детално опишување на структурите и површината во тоа време. Самиот објект е околу 12 км. Кантона се смета за еден од најголемите и најурбанизираните градови пред Шпанската инвазија. Сите делови на градот се поврзани со широка мрежа од патишта, кои поврзуваат околу 3 000 живеалишта. Има неколку мали пирамиди и сложен акропол во центарот на градот.