
Во христијанскиот Нов завет, името на градот Кана Галилејска се споменува неколку пати. Местото е познато по фактот дека Исус го прави своето прво чудо – претворајќи ја водата во вино на една свадба.
Постојат многу теории, каде точно се наоѓа Кана Галилејска, но според Католичката енциклопедија, се наоѓа на 7 км. североисточно од Назарет.
И до сега, верниците имаат различни претпоставки за тоа каде е светиот град.