
Кан е познато одморалиште на Француската ривиера. Населението изнесува околу 70 000 жители, но за време на годишниот филмски фестивал населението достига до милион. Во Кан се одржуваа и други интересни настани, како фестивал на игрите - брич,табла, шах и друго, пролетен карневал со маски, меѓународна изложба на луксузни одмори - се претставуваат понуди од туристички агенции за патување до егзотични детинации.
Основни забележителности во Кан се музеите. Најинтересни меѓу нив се музејот-замок на уметноста, мосркиот музеј и музејот на фотографијата. Најголемата атракција во Кан, всушност, е пристаништето. Таму се закотвени едни од најлуксузните јахти во светот, а за време на филмскит фестивал блесокот е уште поослепителен. Плажните брегови се се широки и златни, песокот не е мек. Сето ова се компензира од убавата глетка и луксузните барови, хотели и вили, расположени по крајбрежјето.
Крајбрежната улица се вика Ла Кроазет (La Croisette) и е најпознатата и луксузна улица во градот. Тука се шетаат сите познати личности - актери и режисери, затоа што на неа се наоѓа фестивалниот дворец, каде од 1939 г. па натака се одржува филмскиот настан на годината. Пред дворецот има алеја на славата си отпечатоци на ѕвездите со високи заслиги во киното.