Камената шума

Кина

Емблематична е забележителноста Камена шума, која била позната како „Првото чудо на светот“ за време на династијата Мин (1368-1644 г.). Природниот феномен се наоѓа на 120 км. југоисточно од главниот град Кунмин и е расположен врз површина од 400 км.кв. Тој претставува стрмен, карпест терен со безброј криви лавиринти. Главната камена шума, помалата камена шума и камената шума „Најгу“ се составни делови на необичниот монолитен комплекс, кој изобилува со најразлични камени образувања, некои од кои личат на животни, растенија и човечки фигури.

Екскурзии и одмори до Кина »