
Камбанаријата е изградена врз римска основа и е со височина од 99 метри. Изградена е во 9 век како кула за набљудување и светилник за венецијанските бродови. Во овој вие е оформена во 1514 г. од архитектот Бартоломео Бон. Низ вековите камбанаријата издржала бури и земјотреси, но во 1902 година се срушила. Подигната е повторно со целосно истиот вид, а свеченото откривање било во 1912 г., на денот на патронот на Венеција. Венецијанците ја нарекуваат ''господарот на куќата''. Во внатрешноста и' се расположени пет камбани, секоја од кои има определена цел: една го одбележува почетокот и крајот на работниот ден, другата ги собирала судиите на состанокот во Дворецот на дожите, третата го одбележувала времето за ручек, четвртата - средбите на сенатот, а петтата - претстоечката егзекуција.