Калтаџироне

Калтаџироне, Италија

Околината на Калтаџироне била населена уште од праисториско време, каде доказ се остатоците од два некропола од второто илјадитие п.н.е. Покасно тука живееле Сицилите - население пред римјаните. Името на градот уствари има арапско потекло - комбинација од зборовите kalat и gerun, кои означуваат тврдина и пештера. Арапите изградиле своја тврдина, која била нападната и преземена од Лигуријанците под командите на византискиот генерал. Затоа во денешниот локален дијалект можат да се откријат траги од лигуријански јазик. Градот процветал под влијание на Норманите, претворајќи се во познат центар за производство на керамика. Калатаџироне е скоро целосно разрушен при земјотрес во 1693 г. Потоа повеќето згради се обновени во стил на Барок. Зачуваната и до ден денес архитектура е причината градот да биде вклучен како заштитена територија во списокот на свтеското културно наслетдство на УНЕСКО.

Живи бои и неверојатни детални декорации... кога и да го посетите Калтаџироне. Ве очекува сето ова. Керамиката е во основата на магијата на градот и присуствува во него веќе илјадници години.

Сите згради во градот се декорирани со керамички плочки, а продавниците ги предлагаат своите знаетчиски направени производи.

Акцентот во Калтаџироне несомнено се 142-те стапала пред црквата Санта Марија дел Монте, кои го поврзуваат горниот дел на градот со постариот горен дел. Видливата страна на секое од стапалата е наредено со керамички плочки со разнобојни шари. Секоја година скалилата се покриваат со цвеќа, кои се подредени во убави фигури. Тоа се случува за време на фестивалот на цвеќата  La Scala, во периодот 8 мај - 3 јуни. Фестивалот се одржува во чест на Девица Марија од Конадомини, која е патрон и заштитник на Калтаџироне. Ароматните цвеќиња ги красат скалите во период од еден месец.

Во јули повторно може да се види украсот на скалите, при што овој пат поводот е друг светец патрон на градчето - Сан Џакомо. Тогаш кон растенијата се додаваат и многу свеќи со различни бои, подредени така, што да претставуваат конкретна фигура.

Екскурзии и одмори до Италија »