Казабланка

Касабланка, Мароко

Казабланка - на шпански "бела куќа", е град во Западен Мароко на брегот на Атлантскиот Океан. Претставува административен центар на регионот Гранд Казабланка. Населението на градот брои 3 500 000 жители, кое го прави најголемиот град во Кралтсвото Мароко. Во Казабланка се наоѓа најголемото пристаниште во Мароко, има меѓународен аеродром и претставува основен економски центар на арапската држава.

 

Казабланка е град, во кој умешно се сплотени модерниот градски живот и богатите културни традиции. Без сомнеж најемблематичниот објект за градот е џамијата Хасан II, која е втората по големина џамија во светот, по Масджид ал-Харам во Мека. Други интересни забележителности на градот се: туристичкиот комплекс Корниш, централниот пазар, плоштадот на Обединетите Нации, плоштад Мохамед V, каде што се наоѓаат зградите на Поштата и Судот.

Екскурзии и одмори до Мароко »