Исфахан - древниот трговски центар

Исфахан, Иран

Исфахан се наоѓа воапсолутниот географски центар на државата и ја зазема средината на Иранското плато. Тој е град, кој во минатото бил средиште на воени складови. Оттаму произлегува неговото име - Сепахан, што значи „војска“. Подоцна за време на селџуците, Исфахан се претвора во еден од најраскошните градови на Ориентот. И сетоа тоа, се разбира, не е слулајно. Во него има стотици уметнички дела - кога ќе се почне од архитектурата на зградите, до убавината и сјајот на џамиите и цветноста на парковите и да се стигне до антички забележителности и останки од народите, кои ги населувале овие земји. Таму и до ден денес се зачувал традиционалниот занает - ткаењето на персиски килими. За време на династијата на Сефевидите станува престолнина и центар на културниот и религиозниот живот, каков се зачувал и до ден денешен. Во Ерменскиот дел на градот интересни се катедралата Ванк, Витлеемската црква и покриениот пазар Кесарија. Други забележителности се плоштадот на Имамите, високата порта Али Капу, дворци, мостови и друго.

Екскурзии и одмори до Иран »