Изола Бела

Таормина, Италија

''Убавиот остров'', како што говори името Изола Бела, е мал природен резерват со дива природа покрај источното крајбрежје на Сицилија, во близина на Таормина. Овој волшебен остров личи на природно продолжување на земјата, затоа што е сврзан со тесна песочна ивица, која се покрива при висока плима. Не само природата, но и историјата му е интересна - Крал Фердинант I Бурбонски, крал на Двете Сицилии, првенствено го дарува на град Таормина, а во 1890 г. богатата аристократка Лејди флоренс Тревелиан го купува како приватна сопственост. На малиот остров таа гради мала куќа и засадува егзотични видови. Благодарение на неа, денес Изола Бела е магично место, поради коешто е заштитен природен резерват.

Екскурзии и одмори до Италија »