Игуменица

Игуменица, Грција

Во минатото тој бил познат под името Титани и бил еден од најважните во царството Теспротија во 4 век п.н.е. Во 167 г. п.н.е. е разрушен од римјаните, а подоцна на неговото место е подигнат нов град, кој бил под власта на Римската империја. Како поголемиот дел од територијата на државата во 15 век, градот е завладејан од турците. Во периодот на османското владеење, тој е мало село, познато под името Грава. Ослободувањето од османска власт е како резултат од Балканските војнии станува факт во 1913 г. Во 1938 г. градот е избран за административен центар на префектура Теспротија и го добива денешното име Игуменица. На крајот на Втората светска војна, во 1944 г., Игуменица е разрушена, но во 50-те и 60-те години на 20 век се подигнати нови згради околу пристанишниот терминал и постепено градот пораснал. Основната причина за тоа е неговото пристаниште, кое е третото во однос на прометот во пределите на државата. Друг важен фактор е пуштањето во употреба на магистралата Егнатија Одос во 2009 г., која осигурува врска на игуменица со многу од големите градови во Северна Грција и стигнува до грчко-турската граница.

 

Екскурзии и одмори до Грција »