
Прага, нарекувана уште Златниот град, е еден од најубавите европски градови. Таа претставува комбинација од историски споменици, архитектурно, интелектуално и духовно наследтсво. Прага го создава чувството, дека го пречекоруваш прагот на волшебен свет, исткаен од романтика, убавина и приказност. Магијата на овој град е необјаснива, возбудлива и запомнувачка. Прага била сцена на големи историски настани, секоја епоха оставала свои трагови. Прага е еден од најубавите европски градои, кој ги искомбинирал историските сопоменици, архитектурно, интелектуално и духовно наследтсво. Неслучајно Прага ги привлекла Моцарт, Дворжак, Кафка, Карел Чапек, Милош Форман и била иснпираија за незаборавни творби во светски културен план. Златниот град е атрактивен центар за творечката интелигенција од цел свет, прекрасни се ликовните галерии, музеите, концертите на класична, рок и џез музика.