
Замокот Кастелбуоно или уште познат како Замокот на семејството Вентимилја, се наоѓа во градот Кастелбуоно во провинцијата Палермо. Изграден е во 1316 г. од грофот Франческо I Вентимлија на местото на претходно изградената тврдина со квадратни основи на ридот Сан Пиетро и врз руините на древна византиска тврдина со името Ипсигро. Меѓу 1454 г. и 1456 г. замокот е проширен од Џовани Вентимлија. Тој ја обновува и капелата во замокот, за таму да бидат премстени моштите на патронот на Кастелбуоно Св. Ан. Во 1683 г. семејството Внтимилја ја преместуваат капелата на сегашното место и порачуваат богата декорација во стил на барок на браќата Серпота. Меѓу 17 и 18 век замокот Кастелбуоно претрпува многу промени и значителни штети, како резултат на земјотресите во 1693 г. и 1820 г. Во 1920 г. замокот е купен од управата на градот и е реставриран. Замокот никогаш не исполнувал вистинска стратешка цел, но е типичен аристократски дворец. Зградата содржи архитектурни елементи од различни епохи - арапски, нормански и швабски.