
Неверојатниот замок Шеверни се наоѓа во францускиот оддел Лоар-е-Шер, кој ја опфаќа областа на живописната долина Лоара. Се смета, дека дизајнот на шатото бил инспириран од Луксембургскиот дворец во Париз. Внатрешниот интериор на замокот е дело на уметникот Жан Мониер, кој не успева да се прочуе со своите слики. За сметка на тоа, тој остава уникатни ремек-дела по ѕидовите на Шеверни, кои можат да се видат и до ден денес. Цели триесет и четири обоени дрвени плочи ги красат ѕидовите на трпезаријата со неверојатни моменти од историјата на херојот на Сервантес - Дон Кихот. На првиот спрат е ситуирана кралската сала, која се одликува со раскошен дизајн. Декоративниот панел на таванот ги прикажува сцните од митот за Персеј и Андромеда, како и некои други популарни древногрчки митови.