Замокот "Кронборг"

Копенхаген, Данска

Еден од најубавите замоци во Северна Европа се наоѓа во Данска. Ова е дворецот Кронборг. Тој се наоѓа во Елсинор. Замокот придобива светска популарност поради делото “Хамлет“ на великиот драматург Шекспир. Создавач на замокот е Ерик, владетелот на Померанија. Тој заповедал да биде изграден замок во 1420 г. Името на замокот првенствено било Кроген, кое во превод значи кука. Во периодот 1574-1585 г. крал Фредерик II целосно го реновирал замокот, Тој се претвора во исклучителна ренесансна града со кули, колони и скулптури. Освен зграда, величествената зграда исто така е монументална воена тврдина. Една од најубавите соби во замокот е балската сала. Таа е со должина од 62 метри. Зградата во сегашниот вид е реновирана о периодот 1998-2010 г., кога е претворена во модерен изложбен центар. Благодарение на интерактивните информациски технологии во замокот, дорецот претставува интересни факти за историјата на Данска.

Екскурзии и одмори до Данска »