
Замокот "Блер" е расположен во Шкотска, во срцето на грофството Партшир. Со близу 740-годишна историја Замокот „Блеар“ е подигнат во 13 век или поконкретно во 1269 г., како што тврдат историските извори.
Имотот располага како и со луксузно опремени сали, така и со прекрасни градини. Една прошетка е доволна, за да попаднете во еден различен свет, исполнет со зеленило, цвеќа и спокојство.
Замокот "Блеар" е погодно место за обележување на лични празници, свадбени празнувања и за одмор во слободното време.