
Замокот Сан Анџело претставува архитектурен споменик,расположен на десниот брег на реката Тибар во Рим. Зградата била проектирана како музолеј од имепраторот Адријан во 130-139 г. Зградата била гробница, замок, папска резиденција, затвор, а во денешно време постои како музеј. Папа Лео IV подига ѕид околу Ватикан, која ја обединува базиликата Свети Петар и замокот. Изграден е и подземен проход - Пасето - користен од папите како пат за бегство. Сан Анџело е изграден од шиплив варовник, покриен со мермер. Висок е 50 метри, а дијаметарот на округлата кула е 64 метри. На врвот завршува со скулптурна група - императорот, упаравувајќи квадрига. Во 1901 г. замокот е претворен во музеј и е една од клучните забележителности на Рим.