
Една од најфасцинантните природни слики на Виетнам се околу 120 км брегова линија, на која се расположени околу 3000 мали острови и карпи. Според легендите црвен змеј се спуштил од планините до брегот на морето, удрил силно со моќната опашка и земјата се поделила на планини со остри врвови и длабоки расцепи. Змејот се удавил во морето - и водата ги замрзнала вдлабнатините, а врвовите останале над површината како безброј расфрлани карпести острови од новонастанатиот залив. Во чест на змејот, заливот го крстиле Халонг - Слегувачкиот змеј. Оваа легенда е интродукција кон можеби најмагичната туристичка атракција во Виетнам - прошетка со бродче по смарагдните води низ околу трите илјади острови, расфрални низ Халонг, кој е всушност дел од поголемиот Тонкински Залив на Јужнокинското Море. Островите излегуваат на виделина еден по друг, ги замаглуваат нивните контури над водата, сите - со уникатна конусовидна форма, покриени со изобилие од зеленило, кое плени со убавина.