
На западното крајбрежје на остров Гозо во еден од најубавите заливи на Средоземно Море - Двеира, се наоѓаат трите природни чуда на Гозо - карпата Фингус, внатрешното море и синиот прозорец. Ретко сретнувано и вредно растение “фунгус“ го дава и името на тешко достапната карпа. Според малтските рицари тоа имало големи лечителни својства и подарено на некој од благородниците се прифаќало како скап подарок. Внатрешното море е изолиран базен со кристално чиста вода и плажа со ситни камчиња, опкружени со чисти карпи. До него може да се стигне преку природна пештера - тунел во карпите, низ кој во спокојните денови минуваат безброј рибарски бродчиња. Тука се наоѓаат и најстарите солници во Гозо. Околу гребенот се наоѓа и трета природна забележителност на островот - “Синиот прозорец“. Тој претставува голема камена арка, образувана од две колони со дијаметар 40 метри врз кој лежи огромна карпа со должина од 100 м и височина од 20 м. Низ вековите жителите на Гозо ја нарекувале оваа карпа "It-Tieqa", ''прозорецот'', а денес таа се претворила во “разгледница“ на островот.