
Забранетиот град е дворски комплекс во центарот на Пекинг. До револуцијата во 1911 г. тука живееле и управувале кинеските императори од династиите Мин и Цин. Достапот до дворецот бил забранет за обичното население, кое го објаснува неговото име. Изградбата на дворскиот комплекс започнува во почетокот на 15 век. За таа цел тука се повикани илјадници мајстори и работници, кои ги градат дворците, административните згради, библиотеки, храмови, павилјони, улици, градини и дворови. Граден е 15 години, дворскиот комплекс е вистински град во град, одделен од надворешниот свет со 11 м. висока, 8.62 м. широка и 3400 м. долга правоаголна црвена ѕидина, која заобиколува широк 52 м. и длабок 6 м. ров со вода, нарекуван ''Златна вода''. Бројот на собите е ограничен до 9999, затоа што според кинезите бројот 10 000 симболично претставува ''бескрајност'', а само боговите можеле да поседуваат дворец со 10 000 соби.
По објавувањето на Кина за република, 6-годишниот император Пу И е принуден да абдицира, но новиот политички режим му дозволува на императорот да ја задржи својата титула и да остане да живее во Внатрешниот двор на Забранетиот град, а Надворешниот е предаден на републичката власт. По 1924 г. императорот е принуден засекогаш да го напушти дворецот, кој добива статут на музеј. Забранетиот град е вклучен во Списокот за светското културно и пиродно наследство на УНЕСКО во 1987 г.