Ефес

Кушадаси, Турција

Ефес е еден од најзачуваните древни градови во светот, со историја, која датира од 12 век п.н.е. Важен трговски и религиозен центар, за време на римското валдеење населенито достигнало скоро 250 000 жители, а градот е втор по големина во рамките на Римската империја. Во Ефес се наоѓа храмот на Артемида - едно од седумте чуда на светот, а исто така и една од седумте цркви на Откровението. Се смета, дека Богородица ги поминала последните години од својот живот по овие земји, придружена од Св. Павел, кој проповедал на овие места во текот на 2 години. Денес се раскопани околу 20% од градот.  Најдобро зачуваните споменици во Ефес се: Одеонот, библиотеката на Целзиј, Храмот на Адријан, фонтаната на Трајан, Големиот амфитеатар, трговската агора и мермерната улица.

Екскурзии и одмори до Турција »