
Ерусалим е едно од местата со клучно значење за христијаните, муслиманите и евреите.
Градот, официјално, се смета за главен град на Израел, иако многу од странските амбасади се наоѓаат во Тел Авив. Се наоѓа во централниот дел на државата, а населението брои околу 800 000 жители.
Древниот град привлекува милиони туристи секоја година, со своите историски, културни и религиозни забележителности. Некои од најважните објекти во градот се: гробот на цар Давид (признат е за пророк од трите религии), местото на Тајната вечера (над гробот), Храмовиот рид - хар Хабаит и Западниот ѕид (почесто нарекуван "Сидот на плачот" и Патот на Крстот (viadolorosa), кој завршува кај Божјиот гроб и црквата, која е таму изградена (најважно место за христијанските поклонители). Храмовиот рид во исламската населба во Стариот град е важно место за муслиманите. Од музеите во градот интерес будат Израелскиот музеј и "Меморијалот на катастрофите (Холокаустот) и херојството" - Јад ва-Шем.