Елче

Елче, Шпанија

Елче е град во Шпанија, со население од над 28 000 жители. Тој се наоѓа во провинцијата Аликанте. Низ градот минува потокот Виналопо (Vinalopо). Во Елче климата е средоземноморска, кое привлекува многу туристи во градот. На лето температурата достигнува до над 30 степени. Околу илјада години п.н.е. на ова место пристигнале феникијци и грци, кои основале свои трговски пристаништа во околината. Во 5 век на местото каде денес се наоѓа град Елче, бил основан градот Иличи. Во овој период се создава една од големите уметнички забележителности на градот - Дамата од Елче. Таа претставува прекрасна скулптура - женска биста со многу сложена фризура и со скапа облека. Најверојатно оваа скулптура се користела како погребна урна, поради тоа што има отвор во задниот дел. Град Елче во 18 век станува економски развиен град, кога настапува вистински расцвет на чевларската индустрија, со која Елче е познат и денес.

Денес во Елче функционираат над илјада чевларски фабрики, каде се произведуваат чевли со висок квалитет. Градот е под двјно покровителство на УНЕСКО. Од една страна ова е градот, кој е објавен за најдобар европски град за одгледување на палми. Околу град Елче има огромно количество на палмени расади, каде се одгледуваат палми за продажба. Во градот има прекрасен парк со над 20 различни видови палми. Во Ечле може да се види ботаничката градина, позната како Градината на свештеникот, затоа што била основана од духовен служител. Во оваа ботаничка градина можат да се видат сите видови палми, кои растат на нашата планета, а исто така и цитрусови дрва, различни видови на кактус и бамбус. Некои од палмите во Елче се стари повеќе од 200 години и достигнуваат до над 40 метри височина.

Екскурзии и одмори до Шпанија »