
Ел Џем е град во областа Махдија, Тунис. Во Ел Џем се наоѓаат едни од најимпресивните останки во цела Африка, а амфитеатарот, изграен во III век, кој е зачуван и до денес.
Амфитеатарот во Ел Џем имал капацитет да собере 35 000 гледачи, кое го реди на третото место во Римската империја по Колосеумот во Рим и разрушениот театар на Капуа. Изграден е од римјаните и е користен главно за гладијаторски борби и трки со мали кочии.
Руините на амфитеатарот се објавени за светско наследство во 1979 г. Тој е домаќин на годишниот Меѓународен симфониски фестивал во Ел Џем.