Езерото Хоан Кием

Ханој, Виетнам

Во Ханој не пропуштајте да ги посетите и прекрасните паркови, најпознатиот од кои е езерото Хоан Кием, кое во превод од Виетнамски значи ''езерото на вратениот меч''. Храмот на желката, кој се наоѓа во средината на езерото, станал симбол на Ханој. Легендата раскажува за илјадагодишната желка, која живеела во езерото и го спасила животот на еден цар, откако му поклонала волшебен меч. А царот во знак на благодарност, наредил да се изгради храм во средината на езерото, во кој желката да живее во мир. И до денешен ден достапот до храмот е забранет за туристи.

Екскурзии и одмори до Виетнам »