Езерото Пауел

САД

Езерото Пауел (Lake Powel) е дел од Националната зона за оддих и одмор Глен Кањон (Glen Canyon National Recreation Area) и е едно од омилените места на многу американци, за одмор низ целото време на годината. Со широка и детално разработена одморалишна база, Езерото Пауел е една неверојатна комбинација од бистра сина вода, песочни палжи и живописна природа од црвени плански масиви. Езерото Пауел е место, каде може да видите неверојатно многу природни забележителности, да се впуштите во нивното истражување или просто да се впуштите во некоја од многубројните туристички атракции и можности за спорт.Езерото Пауел е второто најголемо езеро, создадено од човечка рака во базенот на река Колорадо. Неверојатно чистите и кристално сините води на Пауел контрастираат на издигнатите црвени карпи во кањонот. Езерото Пауел оцртува голем дел од границата на сојузните држави Јута и Аризона, при што поголем дел од водниот базен заедно со забележителниот Мост на виножитото (Rainbow Bridge) спаѓа во рамките на Јута. Езерото го носи името на истражувачот John Wesley Powell, кој е ветеран од граѓанската војна и кој во 1869 година ја истражува воднта површина со само три дрвени бродчиња. Националната зона за одмор покрај езерото Пауел е создадена во 1972 г. Оттогаш па натака е едно од најпопуларните места за забава во САД.

Екскурзии и одмори до САД »