
Езерото Онтарио е најмалото и најдолното од групата на Големите Езера во Северна Америка и се наоѓа на границата меѓу САД (сојузна држава Њу Јорк) и Канада (провинција Онтарио). На езерото Онтарио се наоѓа Торонто, најголемиот град во Канада. Неговата површина, заедно со островите во него е 18 960 км2, која го пласира на 14-то место меѓу езерата во светот. Површината само на канадската териотрија на езерото е 10 000 км2, и на тој начин е седмото по големина езеро во Канда и 4-то во провинција Онтарио. Надморската височина е 75 метри.