
Езерото Накуру е бисерот на истоимениот национален парк во Кенија и е едно од најубавите и диви катчиња на земјата. Тоа е дел од систем на езера, расположени по источното крајбрежје на Африка, на 157 км северозападно од Најроби, блиску до замиот град Накуру. Се наоѓа на 1754 метри надморска височина и од 1961 година има статут на зашитена територија. Првично паркот го опфаќал само познатото езеро и околните планини, но подоцна кон територијата се присоединуваат голем дел од саваните и денес плоштината му е 188 км.кв.
Водниот басен е популарен со огромните јата розови фламинго, кои се гнездат по должина на брегот на езерото и се хранат со алги. Бројот на овие ретки птици е толку голем, како огроменна розова прекривка да ја покрила површината на езерото. Ова била и целта на паркот - да ги заштити големите групи од големи и мали фламинга и да ја зачува нивната популација.
Има и уште 400 видови жители, кон коишто зпаѓаат кормораните, сините рибарчиња, пеликаните и уште многу други птици, кои се хранат со риба. Во паркот живеат и цицачи, како хипопотамус, импалата и молуришна африканска антилопа.