Езерото Конигсзее

Германија

Конигсзее е планинско езеро во Баварија, расположено во југоисточниот дел на Алпите, на територијата на Национален парк „Берхтесгаден“. Во превод од германски името му значи „кралско езеро“. Езерото е со ледничко потекло и е третото по длабочина во Германија. Должината му е 7,7 км, а во најширокиот дел долстигнува до 1,7 км. Од езерото истекува реката Конигсзеер Ахе. Од двете страни е заобиколено со вертикални планински масиви, кои достигнуваат надморска височина од 2700 м. Езерото и неговата околина се популарни меѓу туристите и авантуристите. Тоа се рекламира како едно од најчистите езера во Германија и поради оваа причина движењето по него е дозволено само со бродчиња на електрилни двигатели или бродчиња, кои се придвижуваат со весла или педали.

Екскурзии и одмори до Германија »