Езеро Лаго ди Комо

Лаго ди Комо, Италија

Езерото Лаго ди Комо се наоѓа во северниот дел на Италија, близу до границата со Швајцарија. Површината од 146 км. кв. го прави третото езеро по големина во Италија. Длабочината му е над 400 м., кое го прави едно од најдлабоките во Европа, а дното му се наоѓа на 200 м. под морското ниво.

 

Формта на водниот басен има форма на буквата “Y”. Езерото се полни од реката Ада, која се влева во него. Во трите ракави се наоѓаат многу мали живописни градчиња - Комо, Леко, Балаџо, Менаџо и Канцо. Одморалиштето Каденабија се наоѓа на западниот брег на езерото.

 

Локациите околу Лаго ди Комо се популарна туристичка дестинација, која освен што предлага прекрасен алпски изглед, предлага и можности за практикување на водни спортови - пливање, нуркање и винд винсурфинг.

 

Екскурзии и одмори до Италија »